Достапни линкови

Итни разговори за грчката криза


Ние сме тука да заклучиме одржлив економски договор, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас по неговото пристигнување во Брисел каде ќе присуствува на Самитот на еврозоната во обид да се реши должничката криза во земјата. Но, тој предупреди дека клучни за договорот се напуштањето на прекумерниот примарен буџет, заштита на платите и пензиите и избегнување на прекумерно и неразумно зголемување на цената на струјата.

Комесарот на ЕУ за економски прашања Пјер Московичи, денеска рече дека најновите предлози кои ги доставила Грција „одат во вистинската насока.“

Но сепак, шефот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер рече дека и покрај тоа што е постигнат напредок во текот на викендот, не знае дали денеска ќе има договор.

И германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле се сомнева дека може да се постигнедоговор, предупредувајќи дека немаат значителни предлози од грчка страна до сега.

XS
SM
MD
LG