Достапни линкови

logo-print

ОН - лани имало сериозни прекршувања во Газа


Израелските и палестински вооружени групи направиле сериозни прекршувања за време на минатогодишниот конфликт во Појасот Газа, што може да се сметаат за воени злосторства, соопштија денеска инспекторите на ОН. Комисијата за истрага на конфликтот во Газа во 2014 година објави дека собрала „суштински информации кои укажуваат на можно извршување воени злосторства и од израелски и од палестински вооружени групи“. Во извештајот, Комисијата го повикува Израел да обезбеди детали за неговите „одлуки за таргетирање“ одредени цели, да дозволи независна проценка за неговите напади врз Појасот Газа, каде што беа убиени 1.462 цивили и беа уништени илјадници домови. Независните инспектори, предводени од Американката Мери Мекгован Дејвис, ги осудија убиствата на наводните „колаборационисти“ од страна на палестинските организации, велејќи дека и тоа се воени злосторства.

Министерството за надворешни работи на Израел преку соопштение го осудија извештајот и го оцени како пристрасен.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше извештајот дури и пред да биде објавен, оценувајќи дека е губење време. Тој рече дека израелскиот извештај објавен на 14 јуни, како и друг неофицијален извештај изготвен од пензионирани западни генерали, ја покажува „вистината“ за борбите. Во тие два документи се наведува дека Израел направил сè што е во негова моќ за да се избегнат цивилни жртви и оти водачите на милитантната организација Хамас намерно напаѓале израелски цивили, а ги користеле Палестинците како жив штит.

XS
SM
MD
LG