Достапни линкови

Марадона ќе се кандидира за претседател на ФИФА


Поранешниот најдобар фудбалер на светот и легенда на аргентинскиот фудбал Армандо Диего Марадона денеска изјави дека ќе се кандидира за претседателското место на ФИФА.

Одлуката да учествува во трката за прв човек на Меѓународната фудбалска федерација Марадона му ја соопштил на уругвајскиот новинар и писател Уго Моралес.

„Тој ми кажа дека ќе влезе во трката за прв човек на ФИФА и ме овласти да ја информирам јавноста“, напиша Моралес на Твитер.

Марадона долго време го критикуваше досегашното раководство на ФИФА на чело со Сеп Блатер кој си поднесе оставка по корупцискиот скандал.

XS
SM
MD
LG