Достапни линкови

logo-print

Нарушување на приватноста на социјалните мрежи


Минатата година се регистрирани 371 претставка за нарушување на приватноста, од кои 331 се од физички лица, 36 од правни и четири од анонимни подносители. Најмногу претставки се поднесени за нарушување на приватноста на социјалните мрежи. Во 2014 бројот на претставки е поголем за четири пати во однос на 2009 година. Од претставките 89 проценти се поднесени од граѓани, соопштија од Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП).

Според податоците на ДЗЛП во 2014 година 245 претставки биле поднесени по електронски пат, 125 по писмен пат и една усно. Од претставките 54 проценти се однесувале за злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. За бришење на лажен профил на Фејсбук се поднесени 130 барања, 12 за бришење на лажни профили на малолетни лица на истата мрежа. За пробиено корисничко име или лозинка на профил поднесени се 47 барања

XS
SM
MD
LG