Достапни линкови

Талибанци го нападнале парламентот во Кабул


Талибански бомбаш самоубиец и неколку вооружени мажи денеска го нападнале авганистанскиот парламент, што е втора област која ја напаѓаат во последните два дена во западниот дел на земјата. Портпаролот на полицијата во Кабул изјави дека човекот кој возел автомобил бомба ја активирал во непосредна близина на зградата на парламентот, а неколкуте вооружени луѓе зазеле позиции во близина на зградата. Министерот за внатрешни работи рече дека вооружените луѓе биле притиснати од страна на силите за безбедност. Полицијата вели дека сите шест талибанци кои учествувале во нападот биле убиени. Властите велат дека пратениците биле безбедни, но во експлозијата загинале една жена и едно дете. Портпаролот на талибанците ја презеде одговорноста за нападот. Мисијата на ОН во Кабул го осуди нападот.

XS
SM
MD
LG