Достапни линкови

logo-print

ОН со пофалби до Турција за сириските бегалци


Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш.

Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш.

Високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутериш ги пофали напорите што Турција ги прави за сириските бегалци. Тој вчера го посети најголемиот камп под шатори во Турција со капацитет од 35 илјади луѓе, во регионот на градот Суруч, во Југоисточна Турција. Кампот е изграден од турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни ситуации. Според него ако Турција не е толку „великодушна“ кон Сиријците, последиците од кризата во Сирија ќе беа уште поголеми за целиот регион. Политиката на Турција беше правилна, нагласи Гутериш. Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци во Турција се наоѓаат 1,8 милиони сириски бегалци.

XS
SM
MD
LG