Достапни линкови

Русија го намали буџетот за Светското во фудбал


Русија го намали буџетот за Светското првенство во фудбал кое треба да се одржи во 2018 година. Буџетот е намален откако ги намалиле трошоците за хотели и инфраструктура. Владата направи намалување на јавната потрошувачка во повеќе области, како и на економски договори поради ниската цена на нафтата. Премиерот Димитри Медведев го потпишал налогот, кој беше објавен денеска, а со кој се намалува буџетот за Светското првенство од предвидените 631, 5 милиони долари, на 544 милиони долари. Министерот за спорт Виталиј Мутко во април рече дека владата ќе ги скрати трошоците на луксузни хотели, предупредувајќи дека тие може да останат празни по турнирите. Повеќе од половина од вкупниот буџет за првенството ќе го финансира федералната влада.

XS
SM
MD
LG