Достапни линкови

Интервјуата со странски дипломати за политичката криза и новата фонтана на скопскиот плоштад се најкоментирани теми на нашата интернет страница.

Неделните интервјуа на Радио Слободна Европа на македонски јазик очигледно го предизвикуваат вашето внимание, почитувани. По најновото, со француската амбасадорка Лоренс Оер за актуелната политичка криза, Пиле оддава голема почит до Франција и до нејзините стручни лица, мислејќи веројатно на еминентниот правен експерт Бадентер, за позитивната оценка на Република Македонија и нејзиното исполнување на условите за независност во 90-тите.

Плоштадот Македонија доби прекрасен единствен и препознатлив изглед.

По другото интервју, со универзитетскиот професор Денко Малески, во кое тој наведува дека „Европа ѝ дава предност на стабилноста пред демократијата“, Анонимен, малку контроверзно, смета дека во Југославија под Тито немало демократија, ама на народот му било супер. „Е, тоа го сакаме за своите внуци“, коментирал. Ѓорѓи од Делчево, меѓутоа има перцепција дека професорот Малески бил зрел за лидер на „најдемократската светска партија СДСМ“, и дека на тој начин ќе сме добиеле „уште еден демократски антимакедонец“.

Супер си е фонтаната, сега сите ќе си ги носиме колите на долно перење, жителите од околните згради можат да исперат теписи, да си запере некој. Има ли глупоста граници?

Јоле од Прилеп бара во аудиоснимките што ги објавува Заев да слушнел нешто за опозицијата, а не само за власта.

Новата фонтана на скопскиот плоштад, се чини им се бендисува на многумина граѓани, па Миле од Охрид по нашиот прилог „Нема пари за лекување, но има за нови фонтани и огради“, напишал дека „Плоштадот Македонија доби прекрасен единствен и препознатлив изглед“. Ситизен, пак, со саркастична забелешка: „Супер си е фонтаната, сега сите ќе си ги носиме колите на долно перење, жителите од околните згради можат да исперат теписи, да си запере некој. Има ли глупоста граници?“ - прашува Ситизен, додавајќи: „Очигледно го живееме времето на Антоанета“. Дарко предлага опозициските пратеници да ги дадат своите плати зашто не оделе на работа во Собранието и ќе „има пари за лекување“, а Незабеган коментирал: „Јасно е дека 'проектот' СКОПЈЕ ДИЗНИЛЕНД 2014 треба да трае до 2099, до кога МВРО-ДРПМНЕ мисли да владее и до кога треба да дрпне сè што може.“

Сте коментирале и по прилогот „Со непроменети ставови на нова лидерска средба“, почитувани. Македонец смета дека Заев се плаши да оди на избори, а Вокс попули напишал: „Веднаш треба да се постигне согласност за нова влада која ќе осигури фер и демократски избори. По изборите, новата Влада ќе се занимава со криминалот содржан во 'бомбите'. Крајно време е Груевски да сфати дека нема простор за манипулации. Обрачот е стегнат“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG