Достапни линкови

Невработени лекари во Дебар нема ни за лек


Илустрација.

Илустрација.

Потреба од лекари има и Општата болница во Дебар, но и Здравствениот дом и здравствената установа за рехабилитација „Дебарски бањи – Цапа“.

Здравствените институции во Дебар подолг период имаат отворени конкурси за вработување на лекари, но во Агенцијата за вработување нема невработени „бели мантили“. Како во Општата болница, така и во Здравствениот дом и здравствената установа за рехабилитација „Дебарски бањи – Цапа“ има потреба од лекари по општа пракса, но и лекари специјалисти.

Во Општата болница во Дебар има постојано потреба од вработување на лекари. За оваа состојба го имаме информирано и Министерството за здравство. Моментално во единицата на Агенцијата за вработување нема ниту еден невработен лекар.

​„Во Општата болница во Дебар има постојано потреба од вработување на лекари. За оваа состојба го имаме информирано и Министерството за здравство. Моментално во единицата на Агенцијата за вработување нема ниту еден невработен лекар. Сега, кога матурантите се определуваат што ќе студираат, ние како институција апелираме да се запишуваат и на Медицинските факултети во земјава, но и странство. Во земјава имаме студии по медицина во Скопје, Штип и Тетово, но сепак може да се студира и на универзитетите во Приштина, Тирана и другите универзитети во земјите на бивша Југославија, бидејќи лекарите се дефицитарен кадар“, вели директорот на Општата болница во Дебар, Баки Алили.

Ние преку Министерството за здравство на Македонија имаме на специјализација ортопед – трауматолог. Но, имаме потреба и од други специјалисти лекари.

Според него, последните години има сè помал број на млади кои се одлучуваат да студираат медицина. Алили истакнува дека има и недостиг на специјалисти во повеќе одделенија во Општата болница.

„Ние преку Министерството за здравство на Македонија имаме на специјализација ортопед – трауматолог. Но, имаме потреба и од други специјалисти лекари. Со спогодба со Општата болница во Струга, овде ангажирани до скоро беа гинеколози, потоа трансфузиолог и други кадри. Сега правиме напори со болницата Свети Еразмо да обезбедиме неврохирург и ортопед. Сепак, добро е да имаме дебарски кадри“, додава Алили.

Со цел да се стимулира студирањето по медицина на некои од универзитетите во земјава, но и во странство, здравствената установа за рехабилитација „Дебарски бањи – Цапа“ веќе 2 години доделува стипендии на студенти по медицина.

Во меѓувреме, невладиниот сектор деновиве организираше и еден проект со кој на матурантите им се сугерира да ги знаат дефицитарните струки во регионот, за да студираат токму на факултетите со кои по завршувањето полесно ќе дојдат до работа.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG