Достапни линкови

Патрушев: САД го испланирале пучот во Украина


Шефот на рускиот Совет за национална безбедност Николај Патрушев

Шефот на рускиот Совет за национална безбедност Николај Патрушев

Шефот на рускиот Совет за национална безбедност Николај Патрушев изјави дека Соединетите држави потрошиле 5 милијарди долари во проектот за дестабилизација на Украина со цел да се создаде, како што рече, “инструмент за драматично ослабување на Русија“. Тој во интервју за весникот „Комерсант“ вели дека Вашингтон сега се обидува да ги држи членките на Европската унија подалеку од Русија со тоа што им бара да воведат санкции против Москва. Киев и западните земји ја обвинуваат Русија дека им дава воена помош на проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG