Достапни линкови

Фабиус: нејасно е дали ќе има нуклеарен договор со Иран


Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус изјави дека не било јасно дали до 30 овој месец ќе биде постигнат договор за иранската нуклеарна програма. „Треба да бидеме крајно цврсти во оваа фаза, а работите се уште не се јасни“, рече тој пред денешната средба на шефовите на дипломатиите на Европската унија со министерот за надворешни работи на Иран Мохамад Џавад Зариф во Луксембург. До овој состанок доаѓа пред финалната рунда разговори за иранската нуклеарна програма која треба да почне до крајот на неделава. Иран и шесте светски сили, Соединетите држави, Кина, Русија, Франција, Британија и Германија преговараат за договор со кој ќе се ограничат иранските нуклеарни активности во замена за олабавување на меѓународните санкции.

XS
SM
MD
LG