Достапни линкови

Во Албанија се очекуваат резултати од локалните избори


Албанците вчера гласаа на локални избори на кои се гледа како на тест за демократската зрелост на таа земја, кандидат за членка на Европската унија. Околу 3 милиони и 300 илјади луѓе со право на глас избираа градоначалници и советници во 61 општина. Изборите беа распишани по реформите кои имаа за цел намалување на бројот на функционери на локално ниво. Изборите беа обезбедувани од над 11 илјади полицајци. Претходните избори беа проследени со насилства. Резултатите од последните анкети покажуваа дека на изборите ќе победи владејачката коалиција на левицата, предводена од социјалистите.

XS
SM
MD
LG