Достапни линкови

Лидерите на ЕУ на вонреден состанок за Грција


Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Брисел, пред вонредниот самит на Европската унија посветен на Грција, ќе разговара со шефовите на Унијата, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка за најновиот предлог на Атина за постигнување договор со цел да се избегне банкрот на таа земја. Ципрас предлогот веќе телефонски им го претставил на германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер. Владата во Атина соопшти дека предлогот би требало да доведе до конечно, а не до преодно решение за грчкиот долг. Претставник на Европската комисија оцени дека најновиот грчки предлог е добра основа за напредок. Ципрас ќе има состанок и со лидерите на 19 земји на еврозоната. Грција преговара со кредиторите за исплата на ветената транша од помошта од над 7 милијарди евра, но до 30 јуни треба на ММФ да му исплати милијарда ипол евра.

XS
SM
MD
LG