Достапни линкови

ИД постави експлозиви во Палмира


Сириски активисти соопштија дека борците од Исламска држава поставиле мини и експлозиви во стариот дел од градот Палмира. Организацијата Сириската опсерваторија за човекови права денеска соопшти дека засега не е јасно дали екстремистите ги поставиле екслозивите за да ги уништат две-илјади години старите урнатини или пак да го осигураат местото од пристап на владините сили. Според извештаите војниците пред Палмира имале засилување деновиве што можело да сугерира дека планираат операција. Шефот на сирискиот оддел за антика пак оцени дека извештаите за поставување екслозиви во Палмира се чини дека се точни додавајќи дека градот е заложник во рацете на милитантите од ИД. Борците од Исламска држава ја заземаа Палмира во мај зголемувајќи ги стравувањата дека може да уништат едно од историски најважните места на Блискиот исток.

XS
SM
MD
LG