Достапни линкови

Пет починати во Пакистан од топлотен бран


Најмалку пет лица починале вчера во Пакистан како последица на високите температири за време на еден од најтоплите денови годинава.
Во Сиби, град во провинцијата Балушистан еден човек умрел а пет се онесвестиле откако температура се искачила до 49 целзиусови степени. Во провинцијата Синдх која се граничи со Индија локалните здравствени власти соопштија дека четири деца умреле поради високата температура. Во некои области пак северно од Исламабад и други делови од јужен Пакистан силните дождови деновиве донесоа и разладување. На седми и осми јуни најмалку 25 Пакистанци умреа откако температурите се искачија до 46 целзиусови степени.

XS
SM
MD
LG