Достапни линкови

Авганистан:Војската ја врати контролата во северната област


Авганистанските власти соопштија дека владините сили ја вратиле контролата цо областа во североисточната провинција Бадакшан. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ја вратиле контролата на областа Јамган која падна во рацете на Талибанците претходно месецов. Шефот на полицијата соопшти и дека во битката загинал еден полицаец а четворицата се повредени. Тој додаде и дека повеќе од сто бунтовници се повредени или убиени.

XS
SM
MD
LG