Достапни линкови

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер патува денеска во Европа во посета посветена на соработката меѓу НАТО сојузниците во екот на руската агресија во Крим и Украина. Пентагон соопшти дека клучниот дел од разговорите на сите посети на Картер ќе биде како САД, НАТО и партенерите на НАТО може најдобро да се справат со Кремљ, по руската анексија на кримскиот регион и воената поддршка што им ја даваат на сепаратистите во источна Украина. Картер утре во Германија ќе разговара со министрите за одбрана од Германија, Холандија и Норвешка. На 23 јуни се планира тој да го посети естонскиот главен град Талин каде што има закажано средби со колегите од Естонија, Латвија и Литванија. Сите три земји упатија барања за постојано присуство на војниците на НАТО на нивна територија поради стравувањата на балтичките и источно европски нации од руска воена акција. Картер потоа ќе ја посети и Белгија за да присуствува на состанокот на министрите од земјите-членки на НАТО, прв откако ја презема функцијата секретар за одбрана во февруари.

XS
SM
MD
LG