Достапни линкови

Сочи го одби барањето за спомен-плоча на Немцов


Локалните власти во јужниот руски град Сочи го одбија барањето за поставување на спомен плоча во чест на убиениот руски опозициски политичар Борис Немцов. Локалниот огранок на Паријата на напредокот кој го поднесе барањето објави дека градот ги одбил. Партијата соопшти дека нивното барање е одбиено од неколку причини меѓу кои немањето на согласност од роднините на Немцов, немањето на потврда за смртта и недостигот на договор со сопственикот на зградата на која се планирало да се постави спомен-плочата. Немцов кој беше поранешен заменик премиер и жесток критичар на претседателот Владимир Путин беше убиен во Москва на 27 февруари. Тој беше роден во Сочи во 1969 година и неуспешно се натпреваруваше за градоначалничкото место во 2009 година.

XS
SM
MD
LG