Достапни линкови

Авганистан:18 члена на едно семејство загинаа во експлозија на бомба


Авганистанската полиција соопшти дека бројот на жртвите од екслозијата на бомба поставена на патот во јужниот дел од земјата се искачил на 18.
Надлежните лица соопштија дека бомбата екслодирала во момент кога поминувало комбе во кое се возела авганистанска фамилија.
Роднина на семејството рече дека тие ја напуштиле областа откако дознале за евентуална можна владина офанзива.
Според локалните власти меѓу загинатите има жени и деца. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG