Достапни линкови

МВР:Поднесени кривични пријави против 16 лица за криумчарење мигранти


Министерството за внатрешни работи (МВР) по вчерашната акција, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против 16 лица, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела поврзани со криумчарење мигранти и помагање. Пријавените, како што соопшти МВР, се на возраст од 24 до 78 години и тоа шестмина од Куманово, петмина од Ваксинце, двајца од Скопје, по едно лице од Матејче, Черкезе и Богданци и еден странски државјанин од Бангладеш, кој имал улога на организатор на активностите на групата. Осомничените биле изведени пред надлежниот суд, кој им изрече мерка притвор. За време на акцијата на подрачјето на Куманово и околината, биле обезбедени 12 члена од групата, а по четворица кои сеуште се недостапни за органите на прогонот, во моментов се трага. Оваа криминална група, според сознанијата, подолг временски преиод вршела криумчарење на поголеми групи на мигранти, со потекло од Сирија, Авганистан, Пакистан, Судан и други земји од блискиот и далечниот исток, кои се наоѓале во Република Грција и истите сакале преку територијата на Република Македонија да заминат кон Србија, а од таму кон некоја од западноевропските земји. Членовите на оваа група, како што се наведува во соопштението, делувале како дел од поголема меѓународна криминална мрежа, раководена од лице со прекар „Бангладеш“ кое подолго време престојувало во с.Ваксинце. Секој од членовите на групата имал различни задачи околу криумчарењето мигранти за кое наплаќале сума од 600 - 1000 евра по мигрант.

XS
SM
MD
LG