Достапни линкови

Ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот во безбедносна база


Милитантната група во Сомалија Ал-Шабаб која се поврзува со Ал-Каеда ја презема одговорноста за денешниот напад на тренинг базата на владината разузнавачка служба во Могадишу. Абдиасис Абу Мусаб, портпарол на Ал-Шабаб, за Ројтерс изјавил дека многу припадници на службата биле убиени. Тој додаде дека бунтовниците влегле во зградата која се наоѓа во близина на седиштето на националното разузнавање и безбедносната агенција. Сомалиската полиција потврди дека најмалку еден член на владините безбедносни сили е убиен заедно со четворица милитанти на Ал-Шабаб. Очевидци велат дека нападот почнал откако бомбаш самоубиец влегол со кола во дворот и го детонирал возилото, а вооружените лица влегле подоцна. Нападот следува ден откако осум полицајци беа убиени во полициска станица во близина на градот Афгои, околу 30 километри југозападно од Могадишу. За него беше осомничена Ал-Шабаб.

XS
SM
MD
LG