Достапни линкови

Во Албанија денеска се спроведуваат локални избори


Над 3,3 милиони гласачи, колку што се запишани во единствениот избирачки список, денеска во Албанија треба да ја изберат новата локална власт во земјата, јавува дописникот на МИА од Тирана. Изборите првпат се спроведуваат според новата административно-територијална поделба, која наместо некогашните 363 оштини сега има само 61. Освен 61 градоначалник, албанските граѓани треба да изберат и 1595 членови на опшптинските совети. Освен повеќето независни кандидати и неколку од помали политички партии, мнозинството од кандидатите се од двете широки изборни коалиции: „Алијаса за европска Албанија“(ASE), предводена од владејачката социјалистичка партија на премиерот Еди Рама и изборната коалиција на десницата „Народна алијанса за работа и достоинство“(APPD), предводена од демократите на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, кој одлучи да не го трча кругот за втор мандат. Единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, која е дел од широката лева коалиција на изборите настапува со еден кандидат за градоначалник и 16 кандидатски листи за советници( од вкупно 61 општина). Актуелниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, ќе се обиде довербата да ја добие по третпат, а на кандидатски листи во трка за советничко место се 200 Македонци, што е најголема бројка до сега.

XS
SM
MD
LG