Достапни линкови

logo-print

Обиена редакцијата на Плусинфо


Редакцијата на порталот Плусинфо синоќа после 21.30 часот била обиена од засега непознати лица. Одговорниот уредник на порталот Бранко Героски вели дека е земен голем дел од опремата што се состои одлап-топ компјутери и форографска опрема а било претурано и по документите.

“Се сомневаме дека фоторепортерката Елена Героска која синоќа беше на отворањето на новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ и прославата по повод 25 годишнината од партијата и потоа дошла на работа да ги обработи фотографиите, била следена до просториите на редакцијата оти ретко кој знае каде се тие” вели Героски.

Тој додава дека се сомневаат оти се работи за нешто повеќе од грабеж напоменувајќи дека Плусинфо е медиум кој критички ја опсервира власта.

Настанот го пријавиле во полиција која во моментов врши увид во просториите на редакцијата. Героски вели дека увидната екипа засега утврдила дека влезната врата била насилно обиена.

XS
SM
MD
LG