Достапни линкови

Индија:94 лица починаа по пиење на домашна ракија


Полицијата во индискиот финансиски центар Мумбаи денеска соопшти дека најмалку 94 жители на сиромашниот дел одградот го загубиле животот откако пиеле од домашно произведен алкохол, а 45 се хоспитализирани. Според полицијата бројот на починати може да се искачи. Здравствената состојба на луѓето почна да се влошува на 18 јуни откако пиеле од нелиценцираниот алкохол. Досега се уапсени пет луѓе за превоз и продажба на домашно произведената ракија, а осум полицајци се суспендирани од работа поради негрижа. Смртта од нелегално произведен алкохол во Индија е честа бидејќи сиромашните не може да си дозволат да купат лиценцирани пијалоци.

XS
SM
MD
LG