Достапни линкови

Ал-Џезеира побара од Германија ослободување на новинарот


Телевизијата Ал-Џезеира побара од германските власти итно да го ослободат еден од нивните попознати новинари кој е приведен на берлинскиот аеродром по барање на египетските власти. Мостефа Соуаг, вршителот на должност генерален директор на телевизијата со седиште во Катар, преку соопштение порача дека другите земји не смееле да си дозволат да бидат алатки, на како што пишува египетското угнетување на медиумите, а дека тоа најмалку може да бидат оние кои ја почитуваат слободата на медиумите како Германија. Ахмед Мансур, новинар во арабскиот сервис на Ал-Џезеира беше уапсен вчера откако се обидувал да качи на авионот кој летал од Берлин до Доха. Египетските власти го осудија во отсуство Мансур на 15 години затвор за наводно малтретирање адвокат на плоштадот Тахрир во 2011 година, обвинување кое го отфрли и новинарот и телевизијата. Портпаролот на германската полиција рече дека обвинителите во Берлин ја разгледуваат египетската потерница. Египетските власти ја обвинија Ал-Џезеира дека е гласник на забранетата група Муслиманско братство.

XS
SM
MD
LG