Достапни линкови

logo-print

Австрија:Босанец прегази тројца во Грац


Маж уби три лица и повреди 34 откако возел со висока брзина во полна трговска улица во австрискиот град Грац. Возачот, како што се јавува, бил 26 годишен австриски државјанин со босанско потекло. Полицијата соопшти дека тој бил приведен на местото на несреќата. Според очевидци возилото се движело со сто километри на час кога удрило во минувачите. Малечко момче, според извештаите, е исто така меѓу загинатите. Според полицијата човекот имал лични проблеми и се отфрла можноста да има терористички мотиви за инцидентот.

XS
SM
MD
LG