Достапни линкови

Во Братислава средба на Иванов со претседателот на Полска Коморовски


Претседателот Ѓорге Иванов кој учествува на безбедносниот форум ГЛОБСЕК 2015 што се одржува во Братислава, Република Словачка, денеска се сретнал со претседателот на Полска Бронислав Коморовски. На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните политички и економски состојби во двете земји, како и за севкупните безбедносни политички состојби во регионот, вклучувајќи ја и Република Македонија, јави известувачот на МИА од Братислава. Иванов изразил благодарност за поддршката од Полскаво реализација на стратешките цели на Македонија за полноправно членство во ЕУ и во НАТО.Kоморовски пак ја реафирмирал заложбата што Полска и ја дава на Македонија на патот на нејзините евроатлантски интеграции.

“Стабилноста и интегрирањето на Република Македонија е исклучително значајна за стабилноста во регионот” истакна претседателот Коморовски.

XS
SM
MD
LG