Достапни линкови

Лавров ја осуди нацрт резолуцијата за Сребреница


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека усвојувањето на нацрт резолуцијата на ОН за неуспехот на светската организација да го спречи масакрот во Сребреница може да доведе до понатамошни меѓуетнички тензии на Балканот. Лавров ова го рече за време на вчерашниот состанок со претседателот на Репубика Српска Милорад Додиќ кој се одржа на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург. Лавров оцени дека резолуцијата чиј нацрт се подготвена од Британија има целосно антисрпска природа и некоректно ги претставува тие настани. Додиќ пак рече дека ќе побара традиционалниот српски партнер Русија да го искористи правото на вето во Советот за безбедност на ОН за да го спречи усвојувањето на резолуцијата која се подготвува за да ја одбележи 20 годишнината од масакрот.

XS
SM
MD
LG