Достапни линкови

logo-print

Чавков: Успешна акција на полицијата за сузбивање група која криумчарела мигранти


Полицијата утринава имаше успешна акција за сузбивање криминална група во Куманово, која подолг временски период беше предмет на службите на МВР. Со примена на посебни истражни мерки успеавме да ги идентификуваме организаторите на оваа криминална структура кои подолг временски период работеа на прифаќање и транзитирање мигранти на територијата на Република Македонија, информира денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Тој нагласи дека тоа е потврда за определбите за ефикасна борба на МВР во сузбивањето на илегалната миграција преку идентификување на криумчари и илегални мрежи. МВР, додаде тој, ќе продолжи и понатаму во сузбивањето на криминалните структури со несмален интензитет. Феноменот со миграциите, според него, толку ескалира во последно време, што и државите на Европската унија не можат да обезбедат една сеопфатна и коегзистентна политика за подеднаков третман на мигрантите од потеклото, транзитот и дестинацијата.

“Република Македонија како држава на транзит на мигранти, кои доаѓаат од јужната граница, односно од држава на ЕУ, со крајна дестинација пак држави на ЕУ, презема организирани и координирани мерки и активности кои се во неколку сегменти. Едниот беше потребата за итна интервенција во легислативата со која обезбедивме можност мигранитте да изразат намера за поднесување барање за азил, со тоа делуваме хуманитарно за третманот кон мигрантите, од друга страна превенирање на контактот со организирани криминални групи и поединци кои ја злоупотребуваат нивната неповолна состојба за лично профитирање” појасни Чавков.

XS
SM
MD
LG