Достапни линкови

Американски сенатори побараа вооружување на Украина


Американскиот сенатор Џон Мек Кејн повторно побара од САД да испратат оружје за украинските сили кои се борат против проруските сепаратисти во источниот дел од земјата. На прес конференција во Киев денеска Мек Кејн рече дека би било срамно за западотда не делува додека рускиот претседател Владимир Путин според него настојувал да ја распарчи Украина. Мек Кејн које еден од најгласните поддржувачи во американскиот конгрес за вооружување на Украина рече и дека Украинците покажале дека имаат волја за борба. Зборувајќи на заедничка прес конференција американскиот сенатор Џон Барасо рече дека западните лидери му понудиле на Путин шанси за избегнување на ескалацијата на конфликтот во Источна Украина, но според него Путин ги игнорирал. Сега Барасо оценува дека било време да почне да се градат препреки на патот, вклучително и снабудвањето со оружје за украинската војска. Украина бара меѓународна поддршка за подобрување на одбрамбените капацитети. Западните земји ги одбија барањата за снабдување со оружје, но и понудија на земјата несмртоносна воена помош и обуки.

XS
SM
MD
LG