Достапни линкови

САД: Работник осуден на 7 години затвор поради поврзаност со нападот во Лахоре


Поранешниот градски работник во американскиот град Орегон кој обезбедувал пари за терористите кои извршија смртоносен самоубиствен бомбашки напад во Пакистан вчера е осуден на повеќе од седум години затвор.Реаз Кан е прогласен за поврзаност со нападот во 2009 година на пакистанскиот разузнавачки сервис во Лахоре во кој загинаа 30 луѓе а повредени беа повеќе од 300. Обвинителството соопшти дека Кан организирал неговиот пријател во Пакистан Али Џалеел да добие 2450 долари пред да учествува во нападот. Тој исто така обезбедил финансиска поддршка и совети за сопругата на Џалеел по нападот.

XS
SM
MD
LG