Достапни линкови

Русија ја предупредила Франција месеци пред замрзнувањето на сметките


Месеци пред Франција да ги замрзне руските сметки за арбитратната пресуда според која Москва треба да плати 50 милијарди долари Русија се заканила со одмазнички мерки кои ги засегаат не само француската влада и компаниите, туку и француските граѓани, се наведува во документот во кој имаше увид Радио Слободна Европа. Русија неделава потврди дека Франција и Бегија замрзнале некои сметки кои се поврзуваат со руската држава во обид да ги осигура парите пресудени од Постојаниот суд за арбитража во Холандија наменети како отшета за акционерите во сега згаснатата нафтена компанија Јукос, која порано беше во сопственост на критичарот на Кремљ Михаил Ходорковски. Замрзнувањето на сметките ја налути Москва која оцени дека потегот е нелегитимен и дека руските власти ќе преземат слични легални акции во домашните судови против странските компании. Но повеќе од два месеци пред веста за замрзнувањето на сметките да биде објавена, Русија со дипломатска белешка го предупредила Париз дека француските граѓани може да бидат погодени од репресивни мерки ако се преземе акција против рускиот имот во Франција за да се наплати пресудата на арбитражниот суд.

XS
SM
MD
LG