Достапни линкови

Извештај на САД за тероризам- нотирани нападите врз зградата на македонската влада


Напорите во борбата против тероризмот во Македонија го вклучуваат и носењето на законот со кој учеството во туѓи војни се смета за кривично дело. Во последниве години десетици македонски државјани отпатуваа во Сирија и во Ирак како странски терористички борци иако има индикации дека законот донесен во септември лани може да има некакви ефекти во нивното обесхрабрување од таквата намера. Ова се наведува во годишниот извештај за тероризам на Стејт департментот презентиран вчера од амбасадорката задолжена за координација на борбата против тероризмот Тина Кајданов. Во него пишува и дека Македонија е член на глобалната коалција за борба против Исламска држава и Левант, а се наведуваат и неколку настани што се случија во текот на годината, сепак нагласувајќи дека немало големи терористички инциденти.

“Владината зграда во која се наоѓа и канцеларијата на премиерот беше оштетена вечерта на 28 октомври од непознати напаѓачи. Според писмото објавено во локалните медиуми група наречена Ослободителна национална армија ја презема одговорноста за нападот. Некои аналитичари сметаат дека писмото не е веродстојнобидејќи беше објавено речиси една недела по нападот и во него немаше никакви барања. Истата група наводно ја презема одговорноста и за две помали екслозии пред полициските станици во Куманово и Тетово на деветти декемеври”се наведува во извештајот.

Што се однесува до финансискиот сектор, извештајот на Стејт департментот оценува дека Македонија не дозволува анонимни банкарски сметки и не е центар за оф-шор финансирање, но непрофитните организации се изземени од задолжителното пријавување на приходите.

"Македонија е искрен партнер во борбата против тероризмот, како регионално, така и на меѓународна сцена. Грчкото одбивање да го признае името на Македонија повремено ја ограничува можноста на Македонија да учествува на меѓународните форуми" пишува во извештајот.

XS
SM
MD
LG