Достапни линкови

Иран се уште поддржува терористички активности


Иранската поддршка за меѓународните терористички групи не е намалена минатата година па дури е и зголемена во некои делови и покрај надежите за намалување на економските санкции кон земјата, соопшти администрацијата на Обама вчера. Во оцената на Стејт Департментот се сугерира дека ниту изборот на претседателот Хасан Рохани, ниту изгледите за нуклеарен договор со САД и другите светски сили имаат ублажувачки ефект врз иранската надворешна политика кон Блискиот исток. Додека Исламска држава и Талибанците се обвинети за најголем дел од убиствата и деструкцијата низ светот во 2014 година, годишниот извештај на Стејт департментот за тероризам нагласува дека има постојана закана од Иран и неговите соработници. Техеран ја зголемил својата поддршка за шиитските милитанти во Ирак, разузнавањето, финансиската поддршка за Хезболах, владата на сирискиот претседател Башар Ал Асад и палестинските групи Хамас и Исламски џихад. Иран исто така останува без желба да ги донесе пред суд приведените поранешни членови на Ал Каеда и одбива да ги идентификува, се наведува во извештајот.

XS
SM
MD
LG