Достапни линкови

Сомалија:8 полицајци загинаа во напад на ал Шабаб


Најмалку осум полицајци загинаа во близина на сомалискиот главен град во напад од Исламистичката група ал Шабаб. Полицијата соопшти дека рано утринава борците од групата ја нападнале полициската станица во градот Афгои кој се наоѓа 30 километри југозападно од главниот град Могадишу.
Вооружените лица убиле осум полицајци и украле три нивни возила. Ал Шабаб сака да ја урне владата во Могадишу која е поддржана од Западот. Според аналитичарите последниот инцидент ја покажува можноста на групата да презема напади и покрај загубите на територија и поддршка откако сомалиската војска презема голема офанзива минатата година.

XS
SM
MD
LG