Достапни линкови

Индија:66 луѓе починаа по пиењето на отровен алкохол


Бројот на починати од пиењето на отровен аклохол во индискиот град Мумбаи се искачи на 66. Полицијата денеска соопшти дека привеле шест осомничени за производство на алкохолот, кои биле и на распит во полицијата. Смртта од пиење нелегално произведен алкохол е честа во Индија поради тоа што сиромашните не можат да купат лиценцирани пијалоци. Во нелегално произведените пијалоци пак често има хемикалии како пестициди. Според официјалните податоци повеќе од 700 луѓе починале по пиењето на нелегално произведен алкохол во 2012 година споредено со 1100 во 2011 година.

XS
SM
MD
LG