Достапни линкови

Путин:Договорот со Русија на Грција ќе и помогне да ги плати долговите


Претседателот на Русија Владимир Путин оцени дека се обновени трговски врски со официјална Атина додавајќи дека меморандумот за гасоводот потпишан вчера ќе и помогне на Грција да ги плати големите долгови. Путин ја спореди руската волја да и се помогне на Грција да создаде работни места и инвестиции со како што рече казнениот пристап на Европската унија која бара Атина да го намали трошењето, да ги зголеми даноците за да добие повеќе кредити и покрај тоа што најверојатно тие мерки, како што оцени, би ја однеле земјата во поголема рецесија. Ако ЕУ сака Грција да ги плати своите долгови треба да биде заинтересирана за пораст на грчката економија, рекол Путин на средба со првите луѓе на светските новински агенции во Санкт Петерсбург.

“ЕУ би требала да го поздрави ова. Што има погрешно во создавањето на нови работни места во Грција” рече Путин.

Путин претходно се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас на состанок на кој се разговрало за различни бизнис договори меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG