Достапни линкови

Ципрас и Путин не разговарале за финансиска помош


Грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави денеска дека на средбата меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин не станало збор за финансиска помош на Атина. Двајцата лидери остварија средба на маргините на меѓународниот економски самит во Санкт Петерсбург.

Посета на Ципрас на Русија, која е втора годинава ги зголеми шпекулациите дека Грција би можела да побара заем од Русија. Вчера состанокот на еврогрупата во Луксембург заврши без договор за земјата. Најавено е дека еврогрупата в понеделник ќе одржи состанок посветен на Грција.

XS
SM
MD
LG