Достапни линкови

Туск-Самитот за Грција не е последниот чекор


G

G

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави денеска дека вонредниот самит на еврозоната в понеделник нема да биде последен чекор во кризата околу спасувањето на Грција. Според него, треба да бидат изоставени илузиите дека ќе има магично решение на највисоко ниво.

Тој смета дека нема да има детални технички преговори, туку таа задача ќе биде оставена на министрите за финансии. Целта на самитот, како што нагласи е да гарантира дека меѓусебно ги разбираат позициите, како и последиците од нивните решенија.

XS
SM
MD
LG