Достапни линкови

logo-print

Орбан-Унгарија со оградата ќе ја штити Европа


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека кога одредено прашање е комплицирано најдобро е да се избере најлесното решение и во случајот со илегалните мигранти државата ќе ги брани своите граници. Унгарските власти претходно соопштија дека ќе изградат 4 метри висока ограда на границата со Србија со цел да го спречат влезот на илегалните мигранти во земјата.

Тоа, како што наведе Орбан ќе ја заштити Европа од нелегално влегување на нејзината територија. Унгарија годинава добила повеќе од 53 илјади барања за азил. Според Орбан, обврска на државата е сама да ги брани своите граници и затоа нема од никого да бараат помош за остварување на задачата.

XS
SM
MD
LG