Достапни линкови

Бомбашки напади во Ирак, 4 жртви


Ирачката полиција соопшти дека во два бомбашки напада во околината на Багдад загинале најмалку 4 луѓе, а 13 биле повредени. Најсмртоносниот напад се случил во градот Абу Храиб кој се наоѓа на 20 километри од Багдад и каде загинале три лица, а 9 биле повредени. Во вториот напад во експлозија на бомба покрај патот бил погоден конвој со сунитски племенски лидери, при што загинал еден од нив, а четворица биле повредени. Се уште никој не презема одговорност за нападот.

XS
SM
MD
LG