Достапни линкови

logo-print

Почна лидерската средба


Во клубот на пратеници во Скопје пред малку почна лидерската средба за излез од политичката криза во земјава, на која присуствуваат претседателите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Тие се придружувани од Никола Попоски, Рената Десковска, Абдулаким Адеми и Имер Алиу, а на средбата присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ во Македонија Џес Бејли и Аиво Орав.

Како што изјави Заев во интервју за „24 Вести“, на средбата ќе биде соопштен крајниот рок што СДСМ го дава за да се постигне договор за решавање на политичката криза. Рокот, рече Заев, е до крајот на месецов затоа што наредниот месец ќе започне подготовката на извештајот на Европската комисија за напредок на Македонија, со кој ќе се реши дали земјата ќе ја задржи или ќе ја загуби препораката за почеток на преговорите. Во интервјуто Заев изјави дека не е можно премиерот Никола Груевски да остане на функцијата и да спроведува избори.

XS
SM
MD
LG