Достапни линкови

Пакистан привремено ја суспендира смртната казна


Пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф.

Пакистан привремено ја суспендираше смртната казна за време на светиот месец по повод празникот Рамазан. Наредбата ја издаде пакистанскиот премиер Наваз Шариф. Во повеќето делови на земјата празникот започнува денеска. Во декември, властите делумно го укинаа мораториумот за егзекуции по напад на талибанците на училиште во Пешавар во која загинаа 150 лица, а најголем дел од жртвите беа деца. Шариф потоа целосно ја укина забраната и од тогаш 150 затвореници биле егзекутирани во Пакистан.

XS
SM
MD
LG