Достапни линкови

Првите пратеници на ВМРО ДПМНЕ со порака до партијата


Членови од првата пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ на годишнината од основањето на партијата соопштија денеска дека со актуелната општествена политичка криза, која во основа претставува скандалозна ерозија на институциите на системот и целосен недостиг на принципот на одговорност, Македонија се оттргнува од перспективата на хармонизирани социјални и меѓуетнички односи, добрососедски односи и интеграција во ЕУ и НАТО.

Тие порачуваат дека како носител на големата идеја за создавање и зацврстување на Македонија како држава, ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе во пресрет на граѓанското движење дома и на барањата на меѓународната заедница, заради постигнување на консензус на општо граѓанско помирување и враќање на државата на патот на кој ја поставиле пред четвртина век. Патот на самостојната, стабилна, демократска и социјална Македонија на рамноправни граѓани, интегрирана во ЕУ и НАТО, се наведува во соопштението.

XS
SM
MD
LG