Достапни линкови

Конструктивен исход очекува ЕУ од лидерската среда


Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич

Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич

Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич изјави денеска дека очекуваат конструктивен исход од денешниот состанок на политичките лидери во Скопје, како и обновена посветеност на политичките лидери, вклучително и на договорот од 2 јуни. Според неа, нивните позиции остануваат непроменети и во интерес на земјата и на луѓето е да се постигне одржлив политички компромис.

Коцијанчич порача и дека министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе дискутираат за ситуацијата во Македонија во понеделник на нивниот редовен состанок во Луксембург.

XS
SM
MD
LG