Достапни линкови

logo-print

Компјутерите и ранците ги згрбавија учениците


Долгото седење пред компјутер, малата физичка активност и тешките училишни ранци предизивикуваат искривување на рбетот на децата.

Долгите часови седење пред компјутер и неправилната положба на телото се главните фактори кои според упатените предизвикуваат се повеќе деца да имаат деформитет на рбетниот столб. Многу родители се загрижени за децата кои со часови поминуваат пред компјутер или таблет, притоа не внимавајќи дека неправилното држење на телото може да резултира со некаков деформитет на рбетниот столб.

Министерството за образование треба да посвети повеќе внимание во однос на оваа појава, оти нас не ни требаат само умствено способни деца, кои притоа имаат низа аномалии.

„Уште од порано приметив некое искривување кај рбетниот столб на внучето и тоа е нормално кога децата се по цел ден пред компјутер. Родителите се по цел ден на работа, нас бабите не не слушаат, ако не е компјутерот, ќе биде таблетот во скут и сл. Треба да се преземе нешто за да не се појавуваат аномалии и да не страда здравјето на децата“, вели една загрижена баба.

Професорката по физичко воспитување Љатифе Шиковска вели дека не се работи за недоволно развиена свест кај родителите, туку проблемот е во недостигот на време да се посветат на физичкиот развој на децата.

Важна е многу положбата на седење. Наставниците треба да обрнат внимание за положбата на седење на децата додека се на училиште. Исто така треба да се внимава на тежината на ранците.

„Психичкиот и физичкиот развој треба да одат паралелно. Родителите се премногу амбициозни, децата се пред компјутери, учат странски јазици, а кога се во училиште половина ден се во училишните клупи. Денешните деца не посветуваат доволно внимание во физичкиот развој, во делот на спорт, одредени активности пред или после часовите, но како и да е Министерството за образование треба да посвети повеќе внимание во однос на оваа појава, оти нас не ни требаат само умствено способни деца, кои притоа имаат низа аномалии“, вели Шиковска.

Лекарите велат дека не може да се направи прецизна статистика за тоа колкав е бројот на такви деформитети кај дечињата, но даваат препораки за да се избегнат штетните последици.

„Децата да се тргнат од компјутерите, не дека тие не се потребни, туку не треба да се злоупотребуваат, оти тоа оди на штета на здравјето на децата. Втора причина за овие проблеми е тоа што малку се движат и многу малку се занимаваат со кој и да било спорт, односно физичка активност“, вели педијатарот Агрон Рамадани.

Она на што укажуваат педијатрите и ортопедите е да се внимава и на тежината на ранците кои децата ги носат во училиште. Според нив тежината на ранците не смее да надминува 10 проценти од тежината на телото и треба да се практикуваат ранци со две рамки.

„Важна е многу положбата на седење. Наставниците треба да обрнат внимание за положбата на седење на децата додека се на училиште. Исто така треба да се внимава на тежината на ранците и материјалите кои ги носат внатре и кои им претставуваат голема тежина“, укажува докторот Рамадани.

Експертите нагласуваат дека постојаното подобрување на држењето на телото единствено може да се постигне со мотивирање на детето да учествува во физички активности кои му прават задоволство.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG