Достапни линкови

Индија-33 лица починале од затруен алкохол


Триесет и три лица се затруле од алкохол во индискиот град Мумбаи. Полицијата соопшти дека 18 од жртвите веднаш починале, а останатите во наредниот ден. Дваесетина лица се хоспитализирани. Полицијата притворила еден маж за нелегално производство и продажба на алкохол на работници во сиромашни квартови. Смртните случаи од алкохол се честа појава во Индија, бидејќи сиромашните не можат да си дозволат да купат лиценциран пијалок.

XS
SM
MD
LG