Достапни линкови

logo-print

Грција и Русија потпишаа меморандум за Турскиот тек


Александар Новак

Александар Новак

Грција и Русија потпишаа меморандум за продолжување на планираниот гасовод Турски тек низ грчка територија. Министрите за енергија на двете земји Александар Новак и Панајотис Лафазанис денеска го потпишаа документот на маргините на Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург. Лафазанис изјави дека финансиските средства биле обезбедени од руската државна банка ВЕБ. Тој додаде дека соработката со Русија не била насочена против други земји во Европа.

XS
SM
MD
LG