Достапни линкови

Можни предвремени избори во Русија


Алексеј Кудрин

Алексеј Кудрин

Алексеј Кудрин, близок соработник на Владимир Путин изјави дека рускиот претседател би можело да нареди одржување предвремени избори за да добие уште еден мандат неопходен за економските реформи. Руската економија која е погодена од западните санкции воведени поради кризата во Украина влезе во рецесија и во првиот квартал од годинава забележа пад од на 2 насто. Според Кудрин, доколку Русија не спроведе драматични реформи тогаш ќе се соочи со стагнација. „За такви реформи ви е потребен нов и повеќегодишен мандат“, изјави тој. Сегашниот мандат на Путин истекува во 2018 година.

XS
SM
MD
LG