Достапни линкови

Заев за денеска најави нова лидерска средба


Зоран Заев

Зоран Заев

Претседателот на СДСМ Зоран Заев за денеска најави нова лидерска средба во Скопје. Освен претседателите на четирите партии, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, на средбата би требало да присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав, изјави Заев во интервју за „24 Вести“, додавајќи дека на средбата ќе биде соопштен крајниот рок што СДСМ го дава за да се постигне договор за решавање на политичката криза. Рокот, рече Заев, е до крајот на месецов затоа што наредниот месец ќе започне подготовката на извештајот на Европската комисија за напредок на Македонија, со кој ќе се реши дали земјата ќе ја задржи или ќе ја загуби препораката за почеток на преговорите. Во интервјуто Заев изјави дека не е можно премиерот Никола Груевски да остане на функцијата и да спроведува избори.

XS
SM
MD
LG